×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец во визба произведувал зејтин

    25.11.2010 18:36 | KumanovoNews

     Погонот без елементарни хигиенски услови бил сместен сместен во визба на улицата „Титова Митровачка„ во Куманово, а сопственикот немал регистрирана фирма, ниту дозвола за производство и преработка на прехрамбени продукти.

    Кумановец во визба произведувал зејтин

     И. З. (41) од Куманово во импровизиран погон произведувал сончогледово масло за јадење. Погонот без елементарни хигиенски услови бил сместен сместен во визба на улицата „Титова Митровачка„ во Куманово, а сопственикот немал регистрирана фирма, ниту дозвола за производство и преработка на прехрамбени продукти. Во работилницата биле пронајдени 2 пластични цистерни со 2 тона суровина за производство на сончогледово масло, 4 канти со 100 литри сончогледово масло, 118 литри масло од по еден литар. Маслото е запленето од државниот инспектор за заштита на храна и ќе биде дадено на уништување, поради тоа што е произведено во несоодветни услови и е штетно за конзумирање во исхраната. При претресот полицијата ги пронашла и одзела машините за преработка и пакување на масло, како и над 10 илјади парчиња пластичната амбалажа со етикети на кои пишува „Овчеполско сонце„ и „Флорал„  По целосно расчистување на случаот против И. З. ќе биде поднесена кривична пријава за производство и пуштање во промет на штетни прехрамбени продукти.