Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Полициската станица Куманово, Г.Ф.(41) од Куманово, вчера пријавила дека околу 18.00 часот, додека се движела со своето возило „бмв“ по бул. „Октомвриска Револуција“, забележала дека ја следи возило „фолксваген голф“, кое го управува К.П.(сведок во сообраќајна незгода во која загинала ќерка на Г.Ф.).
Според пријавеното, Г.Ф. продолжила со движењето, но ја намалила брзината за да ја помине возилото „голф“, но тоа не се случило. Исто така, според пријавеното, кога продолжиле со движењето на бул„Трета Македонска Ударна Бригада“ пред нејзиното возило излегло друго возило, кое и го блокирало патот.
„Од возилото излегло едно лице кое ѝ упатило закани, а во тој момент од друго возило излегол К.П., му фрлил некаков предмет на лицето од возилото што ѝ го блокирало патот и му дал знак да си замине“, соопшти СВР Куманово.
Се работи на расчистување на случајот.