Куманово доби 50 нови контејнери
27.01.2012 15:49
| KumanovoNews
Јавното претпријатие "Чистота и Зеленило" набави 50 контејнери за собирање на смет кои ќе бидат поставени пред новоизградените згради, како и на локации на кои се оштетени старите.

Средствата ги обезбеди самото претпријатие.
"Тоа ќе придонесе за поефикасно изнесување и депонирање на сметот во општина Куманово. Во тек е тендерска постапка за набавка на помали возила за собирање и изнесување на смет, кои се исклучително поволни за потесните улици во централното градско подрачје и приградските населби"-информира директорот Сашо Петрушевски.