Мени

Куманово доби јарбол и знаме

18.06.2010 11:51 | KumanovoNews

 Јарбол висок 30 метри на кој се вее знамето на Република Македонија со димензии шест на три метри, пред неколку дена е поставен во центарот на Куманово.

Куманово доби јарбол и знаме

 Тоа е проект на Владата за поставување на 100 јарболи во државата, којшто Општината Куманово го подржа. Изборот на локацијата беше заеднички со нашата и службата на инвеститорот- велат од Општината.

Јарболите за потребата на Владата ги изработува фабриката „Искра„ од Куманово, а чинат 7000 евра.