Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата „Перо Чичо„ доби нова спортска сала.
Салата е изградена за една година, а чини 630 илјада евра. Сретствата ги обезбеди локалната самоуправа Куманово.
Неостварениот сон на многу генерации денеска стана реалност. Учениците од ова училиште и родителите од оваа населба можат да се пофалат со современа спортска сала. За тоа е заслужна локалната самооуправа која имаше слух за нашите потреби- рече директорката Оливера Стојанова.
Лентата ја пресече градоначалникот Зоран Дамјановски кој нагласи дека во време кога локалната самоуправа е под силна политичка пресија од централната власт овој објект е најдобар доказ за желбата на локалната самоуправа да го гради и развива градот за потребата на граѓаните.
Во пресрет на големиот празник 11 Октомври имам чест да го пуштам во употреба овој прекрасен објект, ова спортско здание каде спортистите ќе нижат успеси. Оваа сала почна да се гради пред неполна година. Направивме атлетски полигон, за десетина дена ќе биде пуштена во употреба спортската сала во ОУ“Вук Караџиќ“ и ОУ“Наим Фрашери“, направивме тениски игралишта. Се адаптираме, имаме одлични услови за развој спортот и затоа се наоѓаме на врвот на спортската карта на Република Македонија. Мојата определба е да се вложува во спортот и образованието и тоа ќе биде во мојата програма за следниот мандат - рече Дамјановски.
Спортската сала во „Перо Чичо„ е една од најубавите во Општината. Опремена е со квалитена спортска опрема и ќе биде наменета за ученички, рекреативен и професионален спорт.
На свеченоста децата од училиштето изведоа богата културно-уметничка програма.