Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денот на независноста на Република Македонија, локалната самоурава го одбележа на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ.
Венци и свежо цвеќе положија градоначалникот и членови од неговиот кабинет, претставници на Советот, политички партии, невладини организации, основни училишта, Сојузот на борци и граѓани. Свечен говор одржа градоначалникот Зоран Дамјановски.
Куманово во поновата македонска историја е светол пример како се бори за слободата, мирот и соживотот на ова порачје. Како мултиетнички град Куманово успешно ги остварува своите задачи, динамично се уредува и модернизира. Се решаваат крупните проекти за кои се заинтерсирани сите наши граѓани. Само со модерна и современа локална заедница ќе имаме просперитетна држава која ќе влезе во светот на развиената и деморатска Европа- рече градоначалникот.