×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го прославува Денот на востанието

    11.10.2012 13:23 | KumanovoNews

     Бројни делегации  денеска се поклонија пред споменикот на паднатите борци од НОБ.

    Куманово го прославува Денот на востанието

     Венци и свежо цвеќе на Спомен костурницата положија борци, градоначалникот, пратеници, министерот за образование,  советници, претставници од  кабинетот на Претседателот, АРМ, училишта, јавни институции и установи, политички партии и граѓани.

    "Дојдовме да положиме цвеќе и да им оддадеме заслужена почит  и искрена благодарност  на сите кои ги дадоа своите животи за денешна Македонија. Ваквите одбележувања имаат за цел да ја обноват колективната меморија на еден народ и да потсетат на страдањата , жртвите и катастрофите, но и да го поттикнат чувството на гордост за делата што ги постигнаа нашите претходници"- рече во свечениот говор, Благе Јакимовски од Сојузот на борците.

    Првоборецот Душан Јовановски вели дека oвој ден е мошне значаен за македонскиот народ и затоа никогаш не треба да ги заборавиме жртвите кои застанаа на вистинската страна и се  заслужни за денешна Македонија.

    Првата акција беше во Речица, Глишиќ станица, осум колосеци дигнавме во воздух, сите храбро јуришаа и минерите и бомбашите, никој не се плашеше. Денеска не се цени ништо, оваа власт дури не исмејува, а не знам зошто е тоа така- се прашува Јовановски.

    Владината делагација на одбележувањето на 11 Октовмри во Куманово ја предводеше  министерот Панче Кралев заедно заменик-министерот за  труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, и заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.

    Во име на Влaдата на Р.Македонија положивме цвеќе во знак на почит на сите борци кои учествуваа во НОБ. Со овој чин сакаме да ја искажеме почитта кон сите кои го дадоа својот живот  и сите кои директно или индиректно дадоа свој придонес за денес да живеееме  во слободна Македонија"- рече министерот Кралев.

    И по една година од сквернавењето и уништување на Спомен костурницата таа не е целосно поправена. Мермерните плочи се скршени а бронзениот релјеф откорнат.

    Државата не превзема ништо во делот на одржување на ваквите објекти бидејќи ова тука е под директна надлежност на државата, a не на Општина. Но ние даваме максимум да го одржуваме барем во ваква состојба во каква што е - вели Максим Димитриевски председател на Совет на Општина Куманово.