Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегацијата на Европската Унија и ЕУ инфо точката од Куманово одржаа презентација на тема „Политика на проширување на ЕУ и извештајот за напредок 2010 на Европска комисија„.
На трибината писуствуваше Робер Лидел, шеф на Секторот за политика, правда и внатрешни работи, информации и комуникации пре делегација на ЕУ во Македонија, кој даде свое видување на тоа до кај е Македонија во евроинтегративниот процес и што всушност содржи извештајот за 2010 година.
Свое излагање пред присутните имаше и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој се задржа на важноста на независноста на судството, медиумите и процесот на децентрализација на администрација како битен услов за влез на државата во ЕУ.
Локалната самоуправа е активно вклучена во сите активности и го следи европскиот тренд за развој на Куманово, како европски град со професионална и стручна администрација. Досега добивме многу признанија од нашите пријатели дека како Општина најдалеку сме стигнати во процесот на децентрализација. Спорот со името е голема пречка за напредокот на институциите како и на целата држава. За да биде рамноправна членка во големото семејство сепак најнеопходно ни е подобрување на економската состојба и активно вклучување на државата, и граѓанскиот сектор во искористување на предпристапните фондови - рече Дамјановски.
Секретарот на општинската администрација Оливер Спасовски даде критичен осврт на она што се презема за евроинтегративниот процес на Македонија, се со цел да се увидат и поправат грешките.
Општината Куманово го дава својот максимум за доближување на евроинтегративните процеси.Ние имаме интензивна прекугранична соработака, и бројни семинари за равој на регионот. Мислам дека со нашиот пријател ЕУ треба да работиме што повеќе за да ја постигнеме целта кон која стремиме- потенцираше Спасовски.
Ова е трета по ред презентација која ја спроведуваме заедно со ЕУ Делегација од Скопје. ЕУ инфо точката продолжува со активности се со цел да даде максимален допринос во интеграција на нашето општество во ЕУ.
Се подготвуваме за Денот на Европа 9-ти Мај,а наредната недела ни следи и изложба за најмладите на тема Родова еднаквост. Општина Куманово дава несебична поддршка на ваквите активности и понатаму уште покативно ќе продожи со своите активности- изјави Андријана Колевска од Секторот за евроинтеграции и меѓународна соработка.