Куманово ја дочека Новата година
01.01.2011 10:22
| KumanovoNews
Со спектакуларен огномет точно на полноќ Куманово го одбележа доаѓањето на Новата 2011 година.

И покрај студеното време во одлична атмосфера на Градскиот плоштад неколку илјади граѓани ја дочекаа Новата година,која им ја честиташе градоначалникот Зоран Дамјановски. Весело беше и во кафулињата, рестораните и дискотеките каде забавата траеше до раните утрински часови.
Kumanovonews ви пожелува Среќна Нова година, со желби за многу здравје и успех.