Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од кумановската полиција тврдат дека од Кумановско- липковскиот регион нема наплив на азиланти кои заминуваат во западно-европските земји како што беше тоа мината година.
Азилантската треска престанала откако во октомври, мината година биле казнети туристичките агенции кои го организирале патувањето, а најголемиот број на азиланти се вратени дома.
Прво туристичките агенции од Куманово почнаа да го организираат превозот на азилантите, но откако ја спроведовме акција, замре тој бизнис. Извршивме контрола на 29 туристички агенции, од кои 11 беа казнети со 5 000 евра и забрана за работа до 30 дена. По оваа акција кумановските туристички агенции не се појавуваат како организатори, туку сега тоа го прават агенции од Скопје, тетово, Штип и Битола. Бројот на азиланти од Куманово е во драстично опаѓање, а од почетокот на годината до сега над 100 деца се вратиле во основните училишта. Има случаи кои индивидуалнио се организираат, но тие се малубројни - вели началникот на СВР Куманово Љубомир Ѓурчески.
Во населбата Средорек, на почетокот на годината беа откриени и двајца кумановци со регулиран престој во Италија и Германија, кои со свои возила ги потикнуваа и организирано ги пренесуваа Ромите во западноевропските држави. Тие биле фатени и заработиле прекршочни пријави, и парична казна од околу 150 евра. Доколку ги повторат делата, може во судска постапка да им се забрани влез во државата.
Полицијата нема право да ги врати автобусот од граница доколку во него се патници со билет во еден правец, ако тие не извршиле некаков прекршок или не се евидентирани дека некогаш барале азил во западноевропските земји, ние ниту ги попречуваме ниту имаме законско право да излезат од државата. Но заради добрата меѓународна полициска соработка, имаме обврска да ги известиме полицијата на земјата, дека кај нив доаѓа туристичка група, и тие понатаму ја прифаќаат и следат ако им е интересна- вели Ѓурчески.