×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово остана без дежурна амбуланта ноќе

    10.01.2011 08:18 | KumanovoNews

     Граѓаните на Куманово останаа без здравствена заштита во ноќните часови, за време на викендите и празниците затоа што во градот нема организирани дежурства во градот.

    Куманово остана без дежурна амбуланта ноќе

     Итните случи бараат помош во Ургентниот центра во Куманово, додека останатите можат да се лекуваат само во дневното работно време во ординациите на матичните лекари. Граѓаните се револтирани од неорганизираноста на здравствените установи и сметаат дека не е етички да се остават пациенти без целодневна здравствена заштита.

    Детето ми доби стомачен вирус и мораше да го однесам на лекар. Бидејќи ни една ординација на приватните лекари не работи ноќе отидовме во Брза помош, а од таму не пратија во Ургентен центар. Иако беше околу полноќ ординацијата беше преполна. Лекарите ни рекоа дека не можат да не примат, и ни препорачаа да одиме изутрина кај својот лекар. Морав да фаќам врски за да му дадат на детето инфузија- раскажува една кумановка.

    Во Куманово има  100 матични лекари  со по над 1000 пациенти, што значи дека целокупното население од општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково од околу 150 илјади жители се соочува со овој проблем.

    Приватните лекари тврдат дека Здравствениот дом е обврзан во населените места каде има Итна помош, да организира ноќни и празнични дежурства. Така е во сите градови во државата почнувајќи од Скопје, па до најмалите како што е Крива Паланка.

    Само во Куманово не се почитува таквата обврска. Не ми е јасно зошто од Здравствениот дом не сакаат да организираат дежурства, кога ние таа услуга си ја плаќаме. Годишно секоја ординација треба да плати по околу 500 евра. Кога почнавме да работиме за да не страдаат пациентите се организиравме сами во три ординации, но пред една година ја прекинавме таа пракса и склучивме договор со Ургентниот центар, кој траеше до крајот на минатата година - вели еден од лекарите.

    Од Јавниот здравствен дом Куманово се правдаат дека две години упорно бараат од Министерството за здравство да им одобрат нови вработувања, бидејќи со двајца лекари во Итна помош, не можат да одговорат ни на интервенциите на терен, а не да организираат дежурства за пациентите од примарното здравство. За денеска е најавена посета на заменик министерот за здравство за да се разгледа проблемот и да се најде решение на проблемот со кој секоја ноќ се соочуваат граѓаните.

    Ургентниот центар го прекинал договорот со матичните лекари затоа што нема право да врши дејност од примарна заштита, а и не е во состојба да одговори на толкав број на пациенти.

    Матичните лекари не сакаат да си го нарушат комодитетот со слободни денови, а Здравствениот дом е задолжен да организира дежурства во неколку амбуланти во градот како што беше порано. Ургентниот центар е надлежен да ги третира само итните случаи- вели Исмаил Бајрами- началник на Ургентниот центар.

    Ние ги опслужувавме, но преземаме ризик одредени пациенти да не бидат услужени како што треба. Заради обична грлоболка односно настинка, не сакаме некој пациент кој е во ургентна состојба како што е инфаркт да ни страда. Имавме такви случаеви каде пациенти во таква состојба не можеа да поминат заради гужвата што се создава. - вели директорот Ариф Љатифи од Општата болница Куманово.