×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Куманово - паркинг“ ќе набави уште еден пајак ?

    24.12.2014 16:07 | KumanovoNews

    Јавното претпријатије „Куманово - паркинг“ планира следната година да набави ново пајак возило, а нема да ја намали цената на паркинг просторот. 

    “Куманово - паркинг“ ќе набави уште еден пајак ?

    За купување на новото возило потребни се 3 милиони денари, а кога точно ќе се набави ќе зависи од финансиската состојба на претпријатијето.

    “Тоа возило ни е неопходно.  Сега работиме на задолжителна резерва.  Очекуваме помош и од општината. Тековната резерва ни е 2.140.000 денари што е неопходна за техничко одржување. Намалување на цената на паркингот во 2015 година нема да има, бидејќи во ваква финансиска ситуација тоа би било преголем луксуз за нив, “ - изјави Фадиљ Шабани, директор на “Куманово - паркинг“.