Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Локалната самоуправа Куманово големиот македонски празник 11 Октомври, Денот на востанието и Денот на борецот ќе го одбележи со низа активности и манифестции.
На спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, цвеќе ќе положат делегации од јавно-политички живот во градот, а ќе се одржи и пригодна културно-уметничка програма.
Поканети се околу 30 делегации да присуствуваат на прославата, која е закажана во 11 часот. При тоа на присутните ќе им се обрати и за значењето на праникот ќе зборува претставник од боречката организација. Потоа во 12 часот од Градскиот кеј стартува традиционалната велосипедска трка низ градот во организација на Сојузот на спортови и велосипедскиот клуб Вело-М- вели Жика Крстевски, раководител во секторот за култура.