×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница ноќе без трансфузиолог

    25.03.2011 08:29 | KumanovoNews

    Животот на болните во Куманово кои што ноќе итно морааат да се оперираат се доведени во опасност оти нема дежурен трансфузиолог во болницата. Од средината на овој месец се укинати ноќните дежурства, па лекарите мораат трансфузиологот да го викаат од дома.

    Кумановската болница ноќе без трансфузиолог

    Новата уредба на Републичкиот завод за трансфузиологија, која важи за општите болници во државата, предвидува од 22 часот од 8 наутра секој ден, како и за време на викендите и празниците, службата да има дежурства на повик, односно по потреба да се вика техничар и трансфузиолог кои ќе обезбедат крв и крвни деривати за потребите на пациентите.

    Ваквата одлука ги револтира хирурзите, гинеколозите и другите специјалисти кои работат со итни случаи.

    За да добиеме крв, треба од дома да го повикаме дежурниот техничар и трансфузиолог, а добар дел од нив живеат во приградските населби, некои и во селата. Треба и да пополниме формулар во кој ќе внесеме резултати од крвна слика, ехо наод и дијагноза, со потпис и печат. Кога ќе пресметате колку време ќе помине  да дојде екипата, па да одреди крвна група и да види има ли крв од потребната крвна група, ќе излезе дека пациентот побрзо ќе стигне во Скопје, отколку ние да му помогнеме - вели др. Снежана Захариева,анестезиологот во Кумановската болница.

    Кумановските лекари се едногласни дека лошите мерки на Министерството за здравство се кршат врз грбот на и пациентите, а одговорноста ја носат тие, бидејќи неможат да реагираат навремено.

    Итните случаи не прашуваат за време, ниту оставаат простор за импровизација.Се работи за секунди во кои се спасува или губи животот. Ноќе најчесто доаѓаат родилки со царски рез што започнале со крварења, па во недостиг од крв и крвни деривати на конец виси животот и на мајката и на детето. Да не зборуваме за повредени во сообраќајни незгоди, повреди од оружје и хируршки интервенции -вели Захариева.

    Кумановската болница поднела барање до Министерството и Републичкиот завод за трансфузиологија да се повлече оваа мерка, бидејќи како единствена здравстевена институција во регионот која ипслужува 230 илјади жители, не може да фунционира без доволни количини на крв и крвни деривати во секое време.

    Од Институтот за трансфузиологија велат дека со реорганизација на службите се укинати ноќните дежурства и воведена е трета смена за да се заштеди. Доколку се испостави дека во некоја болница има потреба од 24 опслужување, дежурствата ќе се вратат.