×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • "Кумановски акцијаши" бараат доброволци за помош во поплавите

    30.01.2015 08:57 | KumanovoNews

    Здружението "Кумановски акцијаши" мобилизира граѓани, кои сакаат да се вклучат и да помагнат во случај на поплави, кои се очекуваат викендов.

    "Кумановски акцијаши" бараат доброволци за помош во поплавите

    Од здружението ги повикуваат сите доброволци да се пријават на нивната Фејсбук страна,  или да дојдат  утре од 6 до 18 часот кај салата за венчавање во Општината Куманово.

    "Формираме работна бригада која ќе биде ставена на располагање на општинскиот кризен штаб за заштита и спасување"- вели Јусуф Љатифи, претседател на " Кумановски акцијаши".

    Доброволците ќе бидат евидентирани и испратени на терен каде има потреба.

    Кумановските акцијаши пред извесно време пријатно ги изненадија своите сограѓани, кога се организираа да го исчистат паркот на споменикот Менкова колиба.