Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за правда Михајло Маневски, денеска пресече лената на реновираната зграда на Основниот суд Куманово.
При тоа истакна дека со проектот се опфатени околу 2000 метри квадратни, а доградени се 420 квадрати, во кој се наоѓаат 2 нови судници, 3 кабинети и 9 канцеларијии.
Комплетно се реновирани и опремени со мебел 11 судници, 37 судски кабинети, саниран е кровот, изграден е пристап за хендикепираните лица, оспособена е просторија за приведени лица со видео надзор, поставен е нов под, изградено е приемно одделение, заменети се вратите и прозорци, а реновирани се и санитарните јазли. Потрошени се вкупно 14 милиони денари - рече министерот Маневски.
Додека траеше посетата, судот не работеше што наиде на негодување кај граѓаните и адвокатите.