×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот суд за две години решил 12.000 стари предмети

    06.02.2015 10:31 | KumanovoNews

    Во Основен суд Куманово во последниве две години се решени 12.000 стари предмети.

    Кумановскиот суд за две години решил 12.000 стари предмети

    Претседателот на Судот, Муса Сулејмани вели дека кога дошол на функцијата затекнал 19.000 стари предмети, а сега бројката е сведена на 7.000 предмети. Тој тврди дека ажурноста на Кумановскиот суд е видно подобрена и во последно време нема ниту една поплака од граѓаните за работата на службите.

    “Со моја заложба, на шефовите на службите и целосна мобилизација на вработените успеавме таа бројка да ја намалиме. Мојата намера беше да се решат старите предмети, затоа што со години се одолговлекувале. Во Судот сега се работат 7500 предмети, прекршоци, граѓански, кривични спорови итн. Ажурноста  е на едно завидно ниво. Јас сум презадоволен и вработените исто така од мобилизацијата која ја направив. Кој сека нека направи контрола, да види дека и во Куманово се работи. По мое мислење Кумановскиот суд треба да се рангира меѓу најажурните судови во Македонија“ - рече Сулејмани.

    Најстариот нерешен предмет датира од 1999 година.

    “Се работи за наследство, а некои од наследниците се покојни, адресите не се знаат, некои се надвор од територијата на Република Македонија. Правиме напори преку Министерството за правда да ги дознаме адресите и да го решиме предметот“ - додава Сулејмани.

    Сулејмани вели дека имаат добри резултати и во однос на разрешување на стечајните постапки.