500x100-1
13. 11. 2019 14:14

Кумановските каратисти освоија 12 медали на Европското првенство во шотокан

Кумановските каратисти освоија 12 медали на Европското првенство во шотокан

 Членовите на карате клубот „Ронин Доџо“ од Куманово, освоија 12 медали на 11. Европското првенство во шотокан карате, кое минатиот викенд се одржа во Скопје.

Во многу силна конкуренција, со над 2200 учесници од 27 земји, кумановските каратисти покажаа извонредни резултати освојувајќи 3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали.

  „Ова беше најголем карате настан во Македонија, каде што кумановските каратисти се покажаа во најдобро светло. Нашите резултати говорат за местото и интересот на каратето како спорт во нашиот град и во Македонија, во последниве години. Покрај 12 наградени, учество зедоа уште 14 натпреварувачи кои не се закитија со медали, но се претставија одлично. Горди сме на нашиот успех,“- вели сенсеи Оливер Милорадовски, шеф инструктор на карате Клуб „Ронин Доџо“.

Медали освоија следниве каратисти:

1.МЕСТО КАТА КАДЕТИ- АЛЕКСАНДАР СТОЈАНЧЕВСКИ

1.МЕСТО КАТА ЕКИПНО ПИОНЕРИ 10/11 ГОДИНИ-АХИЛ СПАСОВСКИ ЈАКУПОВСКИ , ФИЛИП ХРИСТОВСКИ И ЛАУНО ПЕТКОВСКИ

1.МЕСТО КАТА ЕКИПНО НАДЕЖИ 8/9 ГОДИНИ-МАРКО ВЕЉКОВСКИ, ТЕОДОР ЧУРИЌ И МИХАЕЛ ДИМИТРИЕВСКИ

2.МЕСТО КАТА ПИОНЕРИ 10/11 ГОДИНИ-АХИЛ СПАСОВСКИ ЈАКУПОВСКИ

2.МЕСТО КАТА ПИОНЕРИ 10/11 ГОДИНИ-АНАБЕЛА МАРКОВСКА

2.МЕСТО КАТА НАДЕЖИ 6/7 ГОДИНИ-ДАМЈАН СТОЈАНОВСКИ

2.МЕСТО КАТА ЕКИПНО СЕНИОРИ-АЛЕКСАНДАР СТОЈАНЧЕВСКИ, МАРИО АНТОВСКИ И БОГДАН СТОЈАНОВСКИ

3.МЕСТО КАТА НАДЕЖИ 8/9 ГОДИНИ-МАРКО ВЕЉКОВСКИ

3.МЕСТО КАТА ПИОНЕРИ 10/11 ГОДИНИ-ФИЛИП ХРИСТОВСКИ

3.МЕСТО КАТА НАДЕЖИ 8/9 ГОДИНИ-ЈАНА ЈОВАНОВСКА

3.МЕСТО КАТА ПИОНЕРИ 12/13 ГОДИНИ-НИКИТА ДИМИТРИЕВСКА, МАТЕЈА МИЛОРАДОВСКА И ЈУЛИЈА СТОЈАНОВСКА

3.МЕСТО КАТА СЕНИОРИ-НИКОЛИНА МИЛОРАДОВСКА,ЈОВАНА СТОЈКОВСКА И АЊА АНГЕЛОВСКА

Македонија на првенството заврши на 5. место во генерален пласман.

Кумановските каратисти освоија 12 медали на Европското првенство во шотокан