Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На покана на Друштвото на писатели од Штип четворица кумановски поети пред неколку дена учествуваа на поетско читање во населбата Суитлак.
На овие средби си разменуваме стихозбирки, читаме поезија и зборуваме за проблемите со кои се соочуваме. И тие тешко доаѓаат до финансии за издавање на книга. Овие поетски читања се добри за да види самиот автор до каде е со пишувањето, како напредува. Во последно време тенденција е да се пишуваат кратки песни и актуелна е хаику поезијата. На поетското читање имаше гости од Кочани и домаќините од Штип читаа песни - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Друштвото на писатели Куманово годишно учествува на 22 поетски читања од кои повеќето се организираат во училиштата во Општина Куманово.