Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 100 припадници од СВР Куманово и Граничната полиција претпаднево заминаа пред Уставниот суд во Скопје да го изразат своето незадоволство и револт поради одлуката на Уставниот суд да ги укине одредбите во Законот за внатрешни работи, што го регулираат пензионирањето на овластените службени лица.
Имаме ангажирано два автобуса за превоз, а доколку има потреба ќе повикаме уште. И ние како и нашите колеги од целата држава се приклучуваме на барањата на Синдикатот- ни изјавија полицајците пред тргнување.
Со паролата “Достоинствена работа, достоинствено во пензија“,полицајците од пред законодавниот дом ќе заминат пред МВР, каде и ќе заврши нивното изразување на незадоволство.
На минатонеделната прес конференција претставниците на Македонскиот полициски синдикат рекоа дека нема да отстапат од намерата да обезбедат за своите колеги најоптималното решение за остварување на пензија.
Уставниот суд ги укина одредбите на Законот за внатрешни работи со кои овластените службени лица во полицијата ги ставаше во поповолни позиции од останатите вработени во армијата и во затворите.