Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Откако пристигнаа резултатите од екстерното тетирање, професорите тврдат дека тие не го покажале реалниот успех на учениците по предметите за кои беа тестирани.
Наставниците сметаат дека дел од учениците ги намалиле оценките поради прашања кои ги немало во учебниците, додека други, најверојатно препишувале и покажале подобри резултати од вообичаено.
Учениците што имале двојки сега добиле петки и обратно. Значи ли тоа дека е виновен наставникот кој ги оценил правилно претходно? Екстерното тестирање е на крај на годината, се зема целиот материјал. Тие деца не се студенти и на таа возраст не можат да примат толку информации. Објавени се двата предмета пред екстерното тестирање и немале време за подготовка. Прашањата се многу воопштени, а децата не се научени на тој начин да ги усвојуваат знаењата. Има голем дизбаланс во оценките - вели професор во основно училиште.
Просветрите се сомневаат дека некои од учениците можеби и пробиле дел од прашањата. Друг проблем е што при полагањето учениците не биле доволно оддалечени, па можеле да ѕиркаат во туѓите одговори.
За наставниците е неправедно оценките од екстерно тестирање да го намалат просекот за кој ученикот се трудел цела година.
Министерството за образование и наука одлучи оценките од екстерното тестирање да влезат во сведителствата.