Кумановско бемве удрило во ограда кај Смиљковско езеро
        17.04.2014 09:17
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Автомобил БМВ со кумановски регистарски таблички удрил во оградата на автопатот Куманово-Скопје, кај Смиљковско езеро.
Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобиле возачот и совозачот, а три други сопатници се поминале со полесни повреди, пренесува Прес 24.
Несреќата се случила вчера околу 12 часот, кога возилото излетало од коловозот и удрило во металните браници од автопатот.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




