×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумовски врски за политички цели

    27.02.2012 15:58 | KumanovoNews

     Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на последните неколку прес конференции  посветени на проблемите со водоснабдувањето    на градот , како една од причините за лошото работење на ЈП „Водовод„ ги наведуваат  роднинските врски на градоначалникот Зоран Дамјановски со директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски.

    Кумовски врски за политички цели

    Тие сметаат дека градоначалникот го штити работењето на неговиот кумашин.

    Морално и доблесно е да го разреши својот кумашин Виктор Божиновски, кој како директор направи загуби на претпријатието од околу 50 милиони денари- изјави Бране Петрушевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Градоначалникот Дамјановски отфрла дека роднинските врски со директорот на „Водовод„ се причина за проблемите во водоснабдувањето, и ги потсети неговите политички опоненти дека првите луѓе на нивната партија, истовремено претседател и потпредседател на Влада се исто така кумови.

    Значи премиерот и човекот задолжен за фискалната политика на државата се во кумовски врски, па народот тоа го прифаќа. Ако одиме по таа логика кој треба да поднесе оставка што на локалната самоуправа Владата не и исплати на 40 милиони денари блок дотациите за мината година-прашува градоначалникот.

    Дамјановски вели дека за работење на Божиновски како менаџер на претпријатието ќе решава УО и Советот на Општината, а не тој.