×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изманици одзеле 45.850 евра за еден месец од шестмина кумановци за наводни сообраќајки

    03.03.2025 09:36 | Сузана Николиќ

    Шестмина повозрасни жители на Куманово за еден месец исплатиле 44.350 евра и 100.000 денари на измамници, кои по телефон им се претставувале како полицајци и им понудиле да им помогнат нивните деца да не одат во затвор, откако со автомобил прегазиле човек.

    Изманици одзеле 45.850 евра за еден месец од шестмина кумановци за наводни сообраќајки

    Највисоката исплатена сума е 30.000 евра, потоа 9.200 евра, 2.500 евра, 2.000 евра, 100.000 денари и 650 евра. Измамите се случиле од 15 јануари до 20 февруари годинава.

    “Од почетокот на оваа година пријавени се вкупно шест измами , а само минатата недела беа регистрирани шест обиди за измами. Според пријавите, најчесто сторителите се јавуваат на телефон, при што со лажно прикажување на факти ги доведуваат во заблуда граѓаните дека член од нивното семејство има сообраќајна незгода и дека потребна одредена сума на пари за да се изврши операција или да не бидат кривично гонети“, вели Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

    Според членови на семејства кои биле измамени, жртви се повозрасни кумановци кои живеат сами и немаат со кого да ја споделат страшната вест што им ја соопштуваат лажните полицајци. Тие вознемирени и исплашени, ги прифаќаат сите услови кои ќе им ги постават измамниците само да помогнат на нивните деца. Не можат да ја прекинат телефонската врска за да проверат дали информацијата е точна, бидејќи им се закануваат дека нивните деца ќе бидат веднаш затворени, или ќе им се случи најлошото.  Бараат парите да ги однесат  и да ги остават на јавно место, каде што подоцна изманиците ги земаат.

    На 12 февруари полицијата го привела П.М. (59) од Република Бугарија. Тој се сомничи дека на територија на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица. П.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    „Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните, особено повозрасните сограѓани да бидат внимателни кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сите сторители на измамите“, вели Младеновска.