×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП: Бројот на невработени постојано расте

    19.11.2014 13:58 | KumanovoNews

    Либерално - демократската партија Куманово, ја обвинија Владата дека бројот на невработени во државата се зголемува, иако таа постојано тврди дека работи на намалување на невработеноста.

    ЛДП: Бројот на невработени постојано расте

     Од партијата велат дека според податоците од Агенцијата за вработување, во август годинава невработени биле 100.458 граѓани, а во септември на листата невработени се додаваат 14.029 лица или вкупниот број на активни баратели изнесува 114.487 лица. Во десеттиот месец од годинава, бројот  на невработени се зголемува за 6.254 лица и изнесува 120.741 лица.

    “Овие податоци од Агенцијата за вработување ја покажуваат тажната реалност во Македонија, која е сосема спротивно од она што Владата секојдневно ни ја сервира преку нејзините полтронски медиуми. ЛДП потсетува дека ВМРО - ДПМНЕ е на власт 8 години. Груевски е најдолго време премиер во историјата на независна Македонија, а за овие 8 години ДПМНЕ имаше на располагање 20 милијарди евра народни пари или во просек 2,5 милијарди евра буџетски пари секоја година. Секоја година од владеењето на ДПМНЕ, невработеноста да се намалуваше по 1,5 проценти денеска бројот на невработени ќе беше под 20 проценти, -  соопштуваат од ЛДП.

    Од партијата велат вели дека според ММФ невработеноста во Македонија е над 30 отсто, вест која ја пренесоа светски познати медиуми.

    Од партијата додаваат дека ниту членовите на ВМРО - ДПМНЕ веќе не веруваат во преродбата и затоа не ја спомнуваат.