Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Највисокото партиско раководство на ЛДП предводено од лидерот Јован Манасиевски, во Куманово ќе ја претстави изборната програма за предвремените парламентарни избори.
Трибината ќе се одржи утре во големата сала на поранешен Комитет со почеток во 19.00 часот за членовите и симпатизери на ЛДП,како и сите заинтересирани граѓани.
Мотото на оваа програма е „Има излез„ и истата се темели на 2 столба: економска модернизација и демократска ревитализација. Дел од промените ќе бидат во намалување на 90 од 123 пратеници, намалување на 12 од 24 министри, воведување на нулта стапка на данок на добивка, укинување на данок на вкупен приход, ваучерска приватизација на преостанатиот дел од државниот капитал, акциите да се подели на сите граѓани на РМ со навршени 18 години и уште 80 конкретни решенија-вели Драган Јаневиќ, претседател на ЛДП Куманово.
Од партијата ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на презентацијата на програмата и директно да се запознаат со најзначајните содржини и сегменти кои ги нуди изборната програма, како и со конкретните решенија и чекори кои се предвидуваат за излегување од долгогодишната политичка, економска и социјална криза во која се наоѓа РМ.
На оваа трибина и отворена средба, граѓаните можат непосредно да ги изнесат своите размислувања, да иницираат, да предлагаат корисни идеи и конкретни проекти и чекори со цел да се збогати и подобри содржината на изборната програма која е од отворен тип и во која може во секое време да се вметнуваат вакви новини се со цел да се подобри ефикасноста во работењето на централната и локалната власт, како и да се подобрат работните и животните услови на граѓаните во средините каде што живеат- вели Јаневиќ.
Покрај лидерот Манасиевски, на трибината ќе присуствуваат и потпретседателот Андреј Жерновски, генералниот секретар Дуфе Кукоски, Ристо Пенов и останати истакнати членови, како и комплетното општинско раководство.