×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП: „Кумановци нека не гласаат ниту за змијата, ниту за магарето„

    30.03.2011 11:08 | KumanovoNews

     Со оваа порака членот на најтесното партиско раководство на Либералдемократската партија Ивица Боцевски ја отвори вчерашната промотивна трибина на изборната програма во Куманово.

    ЛДП: „Кумановци нека не гласаат ниту за змијата, ниту за магарето„

    Тој изрази надеж дека неговите сограѓани Кумановци на идните евентуално предвремени избори нема да се определат ,,ниту за змијата, ниту за магарето, ниту за Бајруш Сејдиу, туку ќе гласаат за Програмата на ЛДП. 

    Владата на Груевски многу милува да гради споменици, а најголемиот споменик на Груевски и на Црвенковски што и‘ го оставија на Македонија се опустошените фабрички хали и урнисаното стопанство‘‘ - потенцираше Боцевски.

    На овации од присутните во големата сала на поранешниот Општински комитет наиде обраќањето на лидерот на ЛДП Јован Манасиевски:

    Нашата држава последните шест месеци е заложник на јалови разговори на Никола Груевски и Бранко Црвенковвски. Но, нивните разговори се без никаква цел. Во тие разговори никаде го нема граѓанинот, никаде ги нема работникот или пензионерот, ја нема сиромаштијата, нема идеја за економијата. Само си се повикуваат Ајде Никола, ајде Бранко на избори. Оттука, од Куманово им порачувам: Ајде луѓе, престанете со тие будалаштини. Ако сакате да излеземе на избори, дајте ги програмите. Сега, тие ќе распишат избори на брзина, во рекордно кратки рокови ќе се испоплукаат меѓу себе и ќе нема време за програмите. На тој начин се принудуваат граѓаните да се определуваат не за програмите туку за тоа кој колку го мрази или го сака Груевски или Црвенковски. Целта им е луѓето да ги изведат на избори со една негативна енергија. Еве, поминаа петнаесет дена од нашиот Конгрес на кој ја промовираме нашата изборна програма. Во програмата нудиме  осумдесет идеи. Ги повикуваме и Груевски и Црвеновски да кажат, на пример, дали е добро граѓаните да добијат акции од државниот капитал? Ајде да полемизираме дали е добра идејата на ЛДП Парламентот, наместо 120 да брои 90 пратеника. Словенија има толку. Владата на Груевски има 22 министри, ние предлагаме 12. Дваесет и два министри имаат 22 -јца заменици, 22 шефови на кабинети, 22 секретарки, исто толку портпароли, возачи. И сето тоа на грбот на овој сиромашен народ. Ниту една европска држава нема 22 министри. Една Англија има 10, една Германија 16 министри. Па ајде да се прашаме каде им е умот на овие луѓе. Ајде за вакви работи да разговараме. Но нивната стратегија е добрите предлози да ги премолчуваат и да ги игнорираат - рече меѓудругото лидерот на ЛДП Јован Манасиевски.