Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Анализите покажуваат дека во Македонија за жал најприсутна е дискриминацијата по партиска припадност, за разлика од западно-евроските држави каде таа воопшто не постои.
Почитувањето на човековите права е една чувствителна категоријa, која во демократиите во државите во транзицијата не се обрнува многу внимание. Нашите анализи покажуваат дека во Македонија за жал најприсутна е дискриминацијата по партиска припадност, за разлика од западно-евроските држави каде дури И воопшто не постои.Поради тоа и се наметна оваа трибина, да се укаже на власта дека овие модели на дискриминација не смее да ни се случуваат во иднина - рече Мирјана Најчевска професор по право и човекови права на синоќешната трибината „Владеење на правото и човековите права„ што ја организираше ЛДП.
Професорката Најчевска, вели дека состојбата со кршењето на човековите права во Куманово е слична како и во целата држава,односно присутна е дискриминација по различни основи.
Формирана е работна група за човекови права и оваа трибина е дел од активносните на оваа група.Првата дебата се одржува во Куманово, а ќе се следи и во други градови, по што ќе бидат донесени заклучоци, кои ќе бидат проследени до релевантините институции во државата -изјави Драган Јаневиќ, претседател на ЛДП Куманово.
На дебатата беа презентирани конкретни случаи на кршење на човековите права, а во дискусијата се вклучија и граѓаните со своите примери и предлози за состојбата со човековите права.