Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 19 април, денот на основањето на Либерално Демократската Парија, општинската организација ќе се вклучи во повеќе активности на локално и централно ниво.
Централната прослава ќе се одржи утре на Градскиот плоштад во Кратово. Тоа е Лазарева сабота, ден пред големиот христијански празник Цветници и ќе има повеќе другарување, а помалку говорење. Во понеделник,на Велики понеделник, Форумот на жени на Општинската Организација на ЛДП ќе организира трибина на тема: „Аранжирање на цвеќето„.Во вторник,на самиот ден на основањето ќе ја организираме традиционалната крводарителска акција од 10 - 12 часот во просториите на Службата за трансфузиологија. Крв ќе даруваат околу триесетина членови. Во среда младите од ЛИДЕМ ке организираат турнир во мал фудбал- најави Деса Јакимова,потпреседателка на општинската организација на ЛДП.
Драган Митевски, шеф на oпштински изборен штаб на ЛДП, истакна дека нивна цел е на претстојните избори да освојат 10 пратенички места, а еден пратеник да биде од Куманово,