Легализирани 3000 дивоградби во Куманово
13.06.2013 09:30
| KumanovoNews
Досега се легализирани 3000 бесправно изградени објекти, информираат од Општината Куманово.
Од страна на секторот се издадени 3000 уверенија за легализација на бесправно изградени објекти и уште толку се во процедура. Рокот за легализација трае шест години. Доставување на елаборати е до 15 јуни 2014 година, потоа нема да се примаат елаборати - вели Лидија Ланг од секторот за урбанизам во Општина Куманово.
Кумановци поднеле скоро 19.000 барања за легализација на дивоградби.