×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лифтови за инвалиди во “Толи Зордумис“ и “Бајрам Шабани“

    23.01.2015 11:31 | KumanovoNews

    Во основните училишта “Толи Зорумдис“ и “Бајрам Шабани“, деновиве ќе бидат пуштени во употреба лифтови за инвалиди, рампи и тоалети.

    Лифтови за инвалиди во “Толи Зордумис“ и “Бајрам Шабани“

    Оваа инвестиција Центарот за развој на североисточен плански регион ја реализираше преку проектот “Сите деца учат заедно“, заедно со општина Дупница од соседна Бугарија.

    Успеавме да ги добиеме сите дозволи и потврда од Министерство за економија, и се надеваме дека кумановската фирма која ги набавуваше тие лифтови, овие денови свечено ќе ги пушти во употреба. Дозвола добивме и за општина Липково, за училиштето “Дитурија“ и се надеваме дека таму ќе се пушти во употреба до крајот на месецот. Со ова проектот го заокружуваме и ни остануваат уште неколку средби со партнерите од Бугарија“ - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.

    Лифтови за лица со посебни потреби ќе бидат пуштени во употреба  уште во четири училишта во североисточниот регион.