Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод патрониот празник во холот на ОУ“11 Октомври“ денеска децата цртаа на тема “Се на младите - се за младите“.
Освен домаќините, на колонијата учествуваат и децата од ОУ “Толи Зордумис“, ОУ “Браќа Миладиновци“ и ОУ “Крсте Мисирков“.
Се твори со ахроматиски и хроматски тоналитети. Да напоменам ахроматски е црно - бело, а хроматски е во боја. Значи нешто што е многу старо да биде нешто многу модерно. Децата сликаат како со нивни очи ја гледаат иднината на Куманово. Од секое школо има по две деца со еден ментор, некаде околу 16 деца и интерно имаме уште 12, со малите деца вкупно 30 до 40 деца кои што творат на една табла - вели Александар Стефановски, професор по ликовна уметност во ОУ “11 Октомври“.
Сликите кои денеска ќе бидат изработени ќе ги красат просториите на училиштето.
Не ми е првпат да учествувам на оваа колонија. Цртам половина со ахроматски, половина со хроматски бои. Тука имам претставено село и град. Сакаме да покажеме дека тоа што ни го оставиле старите, ние треба да го направиме уште поубаво за подобра иднина - рече Борјана Пешевска од ОУ“11 Октомври“.
Преку колонијата децата од повеќе училишта ќе се дружат и забавуваат.