Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Липково, Садула Дураку најави дека наскоро ќе се отвори граничниот премин Белановце-Станчиќ за поврзување на кумановско-липковскиот регион со Гњилане и Витина.
"Јас сум оптимист и верувам дека наскоро ќе започнат работите за изградба на граничен премин, со кој ќе се подобри комуникацијата на двете држави", рече Дураку.
Тој додаде дека отворањето на овие гранични премини е од исклучително значење за жителите од двете страни на границата.
Општината Липково својот економски развој го гледа во трговијата со косовските општини.
И градоначалникот на Гнилане, Кемал Мустафа при вчерашната посета на Куманово, побара да се забрза изградбата на патот до границата, за да се поврзе со нивниот, и да се создадат услови за отварање на новиот граничен премин.
Гнилане и Липково воздушно се оддалечени триесетина километри, а преку граничниот премин Блаце се заобиколува околу 200 километри.