×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лозарите ги закроија лозјата

    14.02.2011 14:03 | KumanovoNews

     Лозарите денеска на Свети Трифун, со симболично закројување на своите лозја, ја отворија годинашната сезона на активностите поврзани со лозарството и винарството.

    Лозарите ги закроија лозјата

    Така беше и во сите лозја на подрачјето на Општината Куманово. На свечен начин, со кројачки ножички, со специјална погача, со ракија и вино лозарите ги откроија првите прачки од по неколку лози, налеаја по малку вино во коренот, наздравија во чест на заштитникот на лозјата Свети Трифун и му се помолија на Господ да ги чува лозјата од лошо време и да им даде голем берикет.        

    Свети Трифун  денеска го одбележаа и учениците од Земјоделското училиште „Киро Бурназ„ во Долно Којнаре. Тие на нивната школска нагледна плантажа му укажаа чест, првата винова лоза да ја закрои градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски. Тој од централната церемонија во Којнаре им го честита денешниот празник на сите лозари во Општината и им посака поволни временски услови за лозарството и квалитетен и богат род на грозје. Во краткото пригодно обраќање до присутните домаќини и гости, градоначалникот рече дека кумановската општина има повеќевековна традиција на одгледување квалитетна винова лоза и преработки од грозје.

    „Таа традиција последниве неколку години ја продолжуваат моментно три приватни винарии од Куманово, а присутни се тенденции тој број да се зголемува во склад со натамошната државна политика во аграрот, а во тој склоп и на лозарството. Првите неколку кумановски винарии, колку што сум информиран, се поставени на добри основи и на добар пат се да промовираат на пазарот неколку врвни кумановски брендови на вино„ - рече градоначалникот.

    Свеченоста потоа продолжи со скромна пригодна закуска во простории на Земјоделското училиште - домаќин на прославата на Свети Тифун, каде две од трите кумановски винарии - „Вековник„ и „Премиум„ - одржаа промиција на своите веќе стандардизирани вина како што се „Кабернет„, „Ризлинг„, „Вранец„ и други, произведени од најароматичните сорти на грозје, по кои Македонија е позната во светот. Нивната единствена пивкост е резултат на контролитран процес на преработка и врвен начин на негување на виното. Инаку, денешната манифестација на лозарите во Долно Којнаре со пригоден концертод народни песни и ора ја проследија членовите на КУД „Панче Пешев„.