Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младинскиот кошаркарски клуб (МКК) Куманово се засили со кошаркарот Лука Петровиќ (28) за престојната сезона.
Петровиќ е висок 197см. и тежок 93 кг, а во последните две години играл во Новосибирск во руската Суперлига 1.
Бил член на српската репрезентација до 16 години во 2013 година.
Дипломирал на колеџот "Wesleyan" во Западна Вирџинија во 2020 година и тоа ќе биде негова петта сезона како професионален играч, соопштуваат од клубот.