Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонија бара да увезува осумнаесет типови отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија (ЕУ).
Македонија е меѓу 24 земји кои досега ја информирале Европската комисија (ЕК) дека сакаат да прифатат отпадни материјали. Како што објави Дојче веле во анализата, од земјите од регионот, коишто не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), заинтересирани за увоз на неопасен отпад од ЕУ се само Србија и Босна и Херцеговина. Македонија бара да увезува осумнаесет типови отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија (ЕУ). Станува збор за метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, како и маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло.
Целосната листа неодамна ја објави Министерството за животна средина, и рече дека таа ќе биде доставена до Европската комисија. Во следната фаза, Европската комисија е таа којашто ќе треба да одлучи дали земјата има капацитет да управува со овој отпад на еколошки здрав начин согласно правилата на ЕУ законодавството. Од тоа зависи дали земјата ќе се најде на листата на земји кои ќе можат да вршат увоз на отпад од ЕУ.