×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Магла на патот кај Павлешенце

    22.01.2011 11:23 | KumanovoNews

    Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата утринава се одвива тековно и без забрани, но во зимски услови по влажни коловози поради врнежи од дожд на пониските места и врнежи од снег на повисоките планински превои, кои не претставуваат проблем во сообраќајот.

    Магла на патот кај Павлешенце

    Остатоци од снег на коловоз има само на повисоките места по расчистување од дежурните екипи на Македонија Пат.

    Поради појава на магла видливоста на патниот правец Скопје-Тетово е намалена до 60 метри, патниот правец Куманово-Свети Николе кај Павлешенци до 50 метри и до 30 метри во Штип.

    На возачите од АМСМ им препорачуваат внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особена внимателност, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес,  Демир Капија - Удово и Маврово – Дебар.

    Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата.