×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија го слави Денот на револуционерната борба

    23.10.2010 08:56 | KumanovoNews

     Република Македонија денеска го одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

    Македонија го слави Денот на револуционерната борба

     По тој повод, во свечената сала во Собранието на Република Македонија  на пладне на добитниците ќе им биде врачена државната награда „23 Октомври“ за 2010 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.

    Академик Живко Попов, хирург-уролог и  проф. д-р Авзи Мустафа - методичар, се добитници на наградата за остварување во областа на науката и образованието, а писателот Иван Чаповски за остварување во областа на културата и уметноста.

    Централната прослава  на Денот на македонската револуционерна борба, на која ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов, ќе се одржи во Македонската опера и балет.

    Делeгации на Собранието, на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе положат цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

    Македонија годинава по четврти пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

    Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење  кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ  резултира со создавање  модерна самостојна македонска држава. (МИА)