×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Масовно калемење на круши во Жегљане

    21.03.2011 14:53 | KumanovoNews

     Општина Старо Нагоричане во соработка со Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието, Земјоделско училиште „Киро Бурназ“ од Куманово и Здружение на граѓани „Кокино - Изгрев„ во среда ќе организира калемење на дрвја во селото Жегљане.

    Масовно калемење на круши во Жегљане

    Во акцијата учество ќе го земат и учениците од основните училишта на територија на Општината.

    Акцијата за калемење на диворастечки растенија под мотото „Облагодарување на дивата круша“, оваа година ќе се спроведе во селото Жегљане. Акцијата не завршува тука, туку предвидува нега во текот на летните месеци на сите калеми. Со оваа акција се очекува искористување на диво растечката флора што ќе резултира со добивање на квалитетни плодови од еколошки чисти поднебја, а акцентот е токму на крушата која недостасува на домашниот пазар- велат од Општината.

     За сите учесници во акцијата организиран е превоз во 8 часот од пред Агенцијата за Поттикнување и Развој на Земјоделството, до ЈП „Чистота и Зеленило“ - Куманово.