Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матичните лекари од градот од синоќа започнаа да дежураат во Брза Помош.
Одлуката била донесена пред неколку дена во договор со Министерството за здравство, Здравствениот дом и матичните лекари, откако два месеца траеше несогласувањето кој и каде треба да ги организира ноќните дежурства во примарната здравствена заштита. Секојдневните ноќни дежурства од 20 до 24 часот, за време на викендот и празниците, ќе се организираат во две ординации со два лекари во Брзата помош, кај Болницата.