Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матурант од гимназијата „Сами Фрашери„ поради банална распарвија со пиштол сакал дa се пресмета со две години помлад ученик од Техничкото училиште во Куманово.
Инцидентот се случил утринава во 7 часот наутро, откако средношколците заедно излегле од школскиот автобус на постројката за да одат на настава,на 200 метри од училиштето. Тогаш Н.Р.(18) од селото Опае, почнал да се расправа со Р.Ф.(17) од Слупчане, при што во еден момент од појасот извадил пиштол кој го репетирал и го вперил кон момчето. Потоа со рачката од пиштолот го удрил два пати во пределот на главата и му нанел повреди на челото и носот. Во моментот на пресметката на постројката случајно се затекнале полицајци, кои интервенирале и спречиле поголем инцидент помеѓу учениците. Напаѓачот Н.Р е приведен во полицијата, а извршен е разговор и со истепаното момче.
Причина за вадењето пиштоли била банална расправија која средношколците ја започнале вчера попладне, а утрината ја продолжиле во автобусот со кој се превезувале од Липково.
Од гимназијата и техничкото училиште каде наставата се изведува на албански јазик, велат дека инцидентот не треба да се поврзува се училиштата бидејќи тој се случил надвор од училишниот двор, и не се знае дали оружјето ќе завршило во училница. Сепак апелираат до родителите да ги контролираат децата со што тргнуваат од дома, и најавија дека ќе ги повикаат двете семејства да разговараат за проблемот.
Ние досега не сме имале вакви проблеми, затоа што посветуваме големо внимание да не се загрози безбедноста на децата. Затоа апелирам до сите родители и до надлежните институции, и тие да учествуваат превентивно во спречување на ваквите појави за да не дојде до нескани последици- вели Халил Камбери, секретар во училиштето.
По целосно расчистување на случајот, против Н.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за насилство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.