×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународен конкурс за есеј на „Корени„

    27.01.2012 10:50 | KumanovoNews

     Редакцијата на списанието “Корени” по седми пат го распишува традиционалниот меѓународен конкурс посветен на есејот на тема:“ Рака кон другиот“.

    Меѓународен конкурс за есеј на „Корени„

    Оваа тема го привлекува вниманието со својата сериозност и актуелност, од сите аспекти. Светот допрва ќе треба да размислува за некој баланс во својата структура и соодносот на неговите  сегменти, државите, нациите, народите, етничките и верските заедници, поединците. Многу нешта во тој немилосрден свет се менуваат, се изменија, допрва ќе се менуваат, но една вечна порака  останува постојано присутна: почитувај го блискиот свој, во човечката смисла на зборот, почитувај го другиот, како би можел и самиот да сметаш на почитување на другите кон тебе. Во таа  насока е и темата на годинешниов конкурс: “Рака кон другиот”- вели уредникот на списанието Димитар Масевски.

    Виното и овој пат е основна тема на која авторите можат да творат.

    Конкурсот трае до 15 април 2012 година. Материјалите во електронска форма (ЦД, или по електронска пошта) да се достават до Редакцијата на “Корени”, ул. Христијан Карпош бр. 2- Куманово или на е-маил: [email protected]. Авторите своите  есеи можат да ги достават на македонски јазик, или на јазикот на кој творат.

    Редакцијата наградува три труда со парична награда во категорија возрасни и три труда со посебни признанија во категорија на млади есеисти.

    Поголемиот број од пристигнатите есеи редакцијата ќе ги објави во списанието “Корени”, а наградите ќе бидат доделени на традиционалната манифестација „Вечер со боја на вино„.