Месна заедница Тромеѓа:Сeкоја донација е добредојдена
Председателот на месната заедница на селото Тромеѓа, Верди Станојевиќ ги смета за неосновани обвинувања на црковниот одбор на црквата „Св.Ѓорѓи„ од село Тромеѓа.

Тој во својата реакција вели:
Несфатливо ми е и неразбирливо, зошто еден ваков хуман чин од страна на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, се проблематизира и се зема за зло, во пресрет на еден од најголемиот христијански празници Велигден. Камо среќа и другите политички партии, да почуствуваа потреба да донираат и помогнат во доизградбата на црковниот комплекс. Донираните средства со сигурност ќе бидат искористени во довршувањето на останатите градежни работи. Морам да истакнам, дека за оваа посета и донација навремено беа информирани жителите на село Тромеѓа. Се надевам дека оваа беше една избрзана рекција од страна на црковниот одбор и е без никаква скриена намера. Во име на христијанскиот дух, повикам на понатамошна успешна соработка помеѓу месната заедница и црковниот одбор и се надевам дека и во иднина ќе следуваат вакви добронамерни донации.