×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Минимално реализирана програмата за развој на регионот

    17.09.2014 09:59 | KumanovoNews

    Минимално е реализирана програмата за развој на североисточниот плански регион за период 2009 - 2014 година, заклучија учесниците на денешната работилница организирана од Центар за развој на североисточниот плански регион и ГИЗ РЕД.

    Минимално реализирана програмата за развој на регионот

    Тие велат дека програмите биле преамбициозни, а посакуваните цели не се постигнати.

    “Се тргна од претпоставка дека 1 отсто од бруто националниот доход ќе се одвојува за регионален развој што во принцип за нашиот регион би донело околу 13 милиони евра годишно , меѓутоа ние сега во просек добиваме по 100.000 евра за регионален развој. Другите пари се трошат преку министерства, не преку советот и центарот и затоа големиот дел од програмата не ја постигна целта“ - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.

    Од ГИЗ РЕД објаснуваат дека напредок има во североисточниот регион кој претходно важеше за најнеразвиен, но немаат конкретни статистики со кои ќе потврдат за колку е зголемен бројот на туристи или за колку е намалена невработеноста.  

    “Горе - долу сите региони се во иста ситуација, бидејќи центрите се сите нови, постојат од 2009 година и тие не беа во состојба да ги менаџираат сите работи. Во наредните години центрите ќе бидат поефективни и поконкретна слика ќе имаме како се движат работите. Во секој регион има различни приориотети. Тука гледам дека земјоделството е многу важно “ - изјави Хамси Бехлули, директор на ГИЗ РЕД канцеларија за скопски, полошки и североисточен регион.

    Во наредниот период ќе се одржат вкупно 6 работилници на кои ќе се утврдат приоритетите за регионот, програмата ќе биде изготвена за три до четири месеци, ќе биде проследена до министерствата, ќе треба да ја усвои регионалниот совет и на крај ќе биде препратена до Националниот совет.