Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска беше во редовната годишна посета на СВР Куманово.
При тоа со првите луѓе на секторот ги разгледала годишните извештаи и постигнатите резултати, како и проблемите се кои се соочувала полицијата воизвршувањето на работните задачи во текот на изминатата година.
Вo СВР Kуманово во последниве неколку години состојбата оди на подобро, односно се зголемува откривачката функција во сите области, со исклучок на општиот криминалитет каде во однос на мината година имаме благ пад. Посебно значајно е тоа што во делот на прекршоците против јавниот ред и мир бројот е намален. Што значи проблемите по улиците на Куманово веќе се санирани и со такви проблеми веќе не се соочуваме -рече министерката.
На работниот состанок било договорено и да се подобрат условите со основни сретства за работе , да се реновира зградата на СВР, а воедно да се одобрат и нови вработувања.
Немаше утврдено слабости во нашето работење и ние како СВР можеме да се пофалиме со добри резултати во 2010 година. Во сите области имаме позитивни резултати што ни претставува посебно задоволство- рече началникот Љубомир Ѓурчески.
Министерката се интерсирала и за грабежот и убиството пред менувачницата, а биле дадени инструкции и конкретни обврски за работата во оваа година.