Министерот Јанакиевски во Куманово
22.12.2010 11:38
| KumanovoNews
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во Куманово ќе ја објаснува постапката за легализација на дивоизградените објекти.

Со цел пошироко информирање, Министерството за транспорт и врски во соработка со единиците на локалната самоуправа организира јавни презентации, на кои граѓаните ќе можат детално да се запознаат со постапката која е предвидена со предлог-законот и да добијат одговор на своите прашања кои се поврзани со овој предлог-закон.
Јавната презентација ќе се одржи вечерва во Центарот за култура со почеток во 20 часот.