×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите кумановци се едуцираа за е-ангажман

    19.09.2015 11:59 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска стотина кумановци на возраст од 16 до 26 години следеа обука за е-ангажман.

    Младите кумановци се едуцираа за е-ангажман

    Обуката е организирана од Младински сојуз и поддржана од фондацијата е-Македонија, а целта е младите да ги подобрат своите компјутерски, јазични и социјални вештини.

    Целта е младите да научат како да ги користат информатичките технологии за да го подобрат нивното општество и сите работи кои ги засегаат. Повикани се стотина учесници кои ќе се стекнат со одредени знаења и потоа тие знаења ќе ги пренесат во својата општина, организација, училиште. Ова ни е 4 -та работнилница и следниот викенд продолжуваме со Кратово и другите градови - вели Марија Арсовска, програмски асистент на проектот.

    Тренерот за социјални вештини, Кристина Лефкова објаснува дека младите треба да го користат интернетот за продуктивни цели. Таа вели дека поради интернет комунацијата, личната комуникација се намалува.

    Моја задача е стимулирање на младите. Тие го користат интернетот, меѓутоа да се стимулира да го користат за конструктивни цели и тоа на што наидуваат како проблем да можат да го изложат и заедно со другите да стигнат до некое конкретно решение кое понатаму ќе го презентираат во општеството и ќе овозможат поголема функционалност на општеството - изјави Лефкова.

    Учесниците велат дека обуката е корисна за нив и дошле за да научат нешто ново.

    Како што разбрав обуката е како да се заработи преку интернет. Дојдов затоа што препознавам можности на некој начин да најдам работа на интернет и да се стекнам со некој основен буџет за џепарлак - кажа Никола Крстевски, средношколец.

    Вакви обуки ќе бидат организирани во 12 градови низ Македонија, а ваков тип на едукација за младите имаше и минатата година.