Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација на младите на Демократската партија на Србите во Македонија, присуствуваше на прием во Бели Двор, Белград на славата на здружението "Кралство Србија".
Членовите на делегацијата се сретнаа со принцот-престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ и принцеза Катарина Караѓорѓевиќ.
Покрај раководството на младите, претседателот и заменикот Далибор Китановиќ и Бојан Аврамовиќ, и членовите на Извршен одбор Никица Јовановиќ и Александар Бојковиќ, на прославата присуствуваше и градоначалникот на Општина Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, кој го запозна принцот со моменталната состојба на споменикот Зебрњак и го покани да го посети.