Младите на СДСМ бираат раководство
21.02.2011 13:33
| KumanovoNews
Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Куманово, вечерва ќе избира ново партиско раководство.

На собранието ќе бидат изберени претседател,извршен одбор од 18 члена, и 5 члена надзорен одбор. На конференцијата ќе присуствуваат 70 младински делегати од месните одбори и општинското раководство на СДСМ. Собранието ќе се одржи во 19 часот во кружната сала на зградата на Комитет.