Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово го реализираше проектот за цртање на потпорни улични ѕидови во градот. Волонтери од Италија, Полска и Финска цртаа на ѕид долг 52 метри на улицата „Драган Стопаревиќ„.
Станува збор за фреквентна улица чиј што потпорен ѕид беше претходно руиниран, заради тоа решивме да цртаме токму тука за разубавување на овој дел од градот. Уличните цртежи ги изработивме со бои за варосување и на тој начин, ѕидот дови нов иглед, како да е свежо варосан. Околу две и пол недели, уметниците овде имаа можност да ја изразат својата креативност, насликувајќи повеќе дела со мотиви од секојдневниот живот на младите - изјави Катерина Ѓориѓиевска од Центарот за меѓукултурен дијалог Куманово.
Гостите од Полска и Италија се задоволни од престојот во Куманово и од целиот проект.
Ми се допадна оваа активност која ја реализиравме со моите врсници како и менталитетот на луѓето овде кои цело време додека работевме не посетуваа и се интересираа за она што го правиме -изјави Сања Роси од Финска.
Проектот за цртање улични ѕидови се реализираше со европски пари преку програмата Младите во акција.